Постојат многу причини поради кои човек може да реши да продава државни тајни на САД. Парите се очигледна причина. Да се имаат големи долгови или да се немаат доволно пари, знае да фрли луѓе во очајна положба. Некои сакаат да внесат возбуда во своите животи а има и такви чија лична филозофија е блиска до американската. Можно е некој да се надева и на виза за САД за себе и за семејството.
Меѓутоа ако прашате повеќемина шпиони која би била главната и најчеста причина, одговорот би можел да ве изненади. Образование. Еден од најатрактивните моркови за мафтање во шпионската игра е ветувањето за финансирање на елитно образование за синот или ќерката на оној кој се регрутира, во некој од елитните колеџи или универзитети.
Џејсон Хенсон, во книгата „Како да се преживее како шпион“