Нашиот победник на Златните глобуси

Видовме кој победи, го видовме она дрво од водител Џо Кој (ах, Џервејс, Џервејс), како беа дотерани, разбравме дека Розамунд Пајк носеше онакво затоа што се учукала на скијање... Сиот тој крем и неизбежниот„крем“ потоа завршуваат на гала афтер партија на кои се цункаат од далеку за да не се размачкаат, се преодушевуваат кога ќе се видат, се прават фанови едни на други.... Не и Пол Џијамати.

Тој годинава доби Златен глобус за улогата во филмот Holdovers (финo feel-good филмче, вика Букбокс).

Тој не отиде на гала парти. Отиде во In-N-Out и си ја почасти душата со хамбургер.

 

 

10 јануари 2024 - 11:40