Зен е кога гледаш како друг одлично работи

Гледано по занает овој би бил столар, со специјалност јапонски спојки. Гледано реално, човеков е магионичар.

Јапонските спојки се посебна вештина сами по себе што Јапонците ја имаат дотерано до ниво на уметност. Човеков, Дориан Брахт, сам признава дека има фетиш кон спојки. Заедно со фетишот оди и неговиот Јутјуб канал, со негови видеа на темата.