За жените во Иран и САД

Иран ја имаа онаа идиотска „морална полиција“ која со бело-зелени комбиња шпарта по улици за со опомени и казни да ги спроведува строгите исламски правила за облекување и однесување, особено на жените. Но кога американски сенатор ќе ја претстави состојбата, на најамерикански можен начин (црно-бело), и на глуп човек му е јасно дека се работи за гола пропаганда која треба да ги оправда бесрамните потези на империјата. Гајле им е нив за жените во Иран.    

Жените во Иран порано можеа слободно да се облекуваат, да работат, да одат на училиште и да се мажат.

Но, потоа РАДИКАЛНИТЕ ИСЛАМИСТИ ја презедоа власта.

Сега, жените во Иран се третираат како КУЧИЊА.

Каде е гневот на таканаречените демократски „феминистки“ за варварскиот третман на жените од страна на исламот???

Томи Тубервил, републикански сенатор од Алабама.

Реплика од Твитер:

Има повеќе образовани жени во Иран (процентуално - н.з.) отколку во САД. 

Има повеќе жени докторки во Иран (процентуално) отколку во САД. 

Има повеќе жени инженерки (процентуално) во Иран отколку во САД. 

Има повеќе жени научници во Иран (процентуално) отколку во САД. 

Има повеќе жени математичарки (процентуално) во Иран отколку во САД. 

Има повеќе жени физичарки (процентуално) во Иран отколку во САД.

Има повеќе жени нуклеарни научници (процентуално) во Иран отколку во САД. 

Има повеќе жени општински и локални лидерки во Иран (процентуално) отколку во САД. 

Има повеќе жени воздухопловни и авијациски научници во Иран (процентуално) отколку во САД. 

Има повеќе жени нанотехнолози во Иран (процентуално) отколку во САД. 

70% од сите научници, инженери и докторки во Иран се жени. (Грок: Неточно, вкупниот удел на жени во STEM и медицина е висок (особено во медицина ~50–60%), но не 70% за сите научници/инженери/доктори заедно). 

Ниту една земја на земјата не е блиску до ова! (Грок: Земји како Украина, Русија, некои балкански или латиноамерикански земји имаат слични или повисоки проценти на жени во високо образование и одредени професии).

Престанете со вакви срања. Ова е 2026 година, а не 2003 година.

Имате само повеќе ОнлиФанс ѕвезди од Иран.

@sankofa360

Бонус за жените од „саканиот“ шах:

Види и:

Криење зад женските сукњи и хиџаби

8 март 2026 - 09:52