Вучиќ на BBC

Вучиќ беше кај Стивен Сакер во фајтерскиот формат на BBC, HARDtalk. Намазан е, јасно. Особено за прашања кои се незгодни но извираат од спорна морална позиција. Прво, Англичанец после Брегзит некому да му мрчи за оддалечување од ЕУ, второ, да проблематизира твоја подршка за нечија територијална поддршка некој што ти ја бомбардирал земјата. А имаме и јак коментар.

Коментари, нормално, има секакви. Го избираме најдражесниот:

Сакер и HardTalk ги имавме во неколку наврати:

На новинарот од BBC не му е проблем што САД не го признаваат Меѓународниот суд во Хаг. Проблем му е ако Јужна Африка не го почитува. „Знаете ли дека ако Путин дојде кај вас во август, мора да го уапсите?“ Од Фикиле Мбалула, генсек на Афиканскиот национален конгрес, добива одговор: „Што е до мене, не во август, уште утре е добредојден да дојде“. А потоа му го трие Ирак од нос. Кoга веќе сака „Hard Talk.“
во „И Африка веќе не им ќути

******

Стивен Сакер го води познатиот, тензичен и но булшит формат на BBC, „Hard Talk.“ Спроти себе го има шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Се зборува за блокираните ЕУ пари за пост-ковид рехабилитација на Унгарија, за сексуалното образование, за извештаите на Фридом хаус, за Пегаз софтверот, за тоа што е популизам а што демократија....
во „Тешки муабети за Унгарија

26 ноември 2024 - 12:44