CNN своевремено весело ја дочека веста дека невакцинираниот Џо Роган закачил ковид. Освен што се ситеа на тоа среде пропагандната офанзива да се вакцинира и кој треба и кој не мора, освен што повторуваа дека Роган верува во ивермектинот кој пакосно го нарекуваа „лек за коњски паразити,“ мораа малку да си играат и со боите на снимката, па го направија Роган блед и никаков, мислиш поп треба да се вика.
* После екстензивното внимание кое го доби од CNN, Роган премавна 2 милиона следачи. Денес има 12,8 милиони на Јутјуб и ене го, жив-здрав, повторно со руменило на обравчињата.