Камала Харис: Украина за првачиња

Луѓе знаат дека Украина е ептен комплексна тема, од гео-политички, јазичен, историски, секаков апсект. Но, Камала Харис верува дека си ја познава публиката па реши тамошната актуелна ситуација да им ја претстави преку следнава „суптилна“ анализа:

„Украина е држава во Европа. Таа постои до една друга држава која се вика Русија. Русија е поголема земја. Русија е моќна земја. Русија реши да нападне помала земја која се вика Украина. Значи, во суштина, тоа е погрешно.“

Камала - чича мича готова је прича - Харис

За уредникот на Вашингтон Игземинер, ваквото објаснување е застрашувачко бидејќи покажува колку луѓе како Камала Харис воопшто и не знаат да зборуваат со обични луѓе. Затоа што, кога ќе те замолат актуелната ситуација да ја објасниш со „прости зборови“ тоа не значи да помислиш дека луѓе не слушнале за Русија па треба да им објаснуваш како да раскажуваш епизода од Пепа Пиг.

 

 

2 март 2022 - 13:21