Бил Мар е еден од оние кого знаат да го критикуваат дека ги сменил своите политички ставови, главно од луѓе кои се прават слепи па не гледаат колку во меѓувреме се испретумбаа кординатите за тоа што е лево, а што десно. „Слободата на говорот некогаш беше класична левичарска тема, сега токму таа е под напад“, вели тој.
„Кога првпат слушнав за разбуденост и социјална правда, со две раце бев за тоа, отсекогаш сум бил. Ама дефундирање на полицијата, ама на тригодишни деца да им се дава сами да решаваат од кој пол се? Дечки, тоа го немаше во тоа време“.