Концептот на четвртата димензија е отаде нашата способност, како тродимензионални суштества, да разбереме нешто повеќе од тоа. Дури и да се разбире концептот, речиси е невозможно да се замисли во умот, кој е лимитиран од реалноста на физичкиот свет околу нас. Пред 45 години, за да ни го објасни тоа, на неповторливиот комуникатор Карл Саган му требаше едно јаболко и тесеракт.
п.с. Извонредната серија „Космос“ на Карл Саган кој беше чудесен раскажувач и некој кој и најкомплицираните поими знаеше да ги дестилира во разбирлива форма, имаше само една сезона.