Филмски разговори за педофилија

Со буџет од само 14 милиони долари, филмот „Sound of Freedom“ на благајните го потепа долгоочекуваниот продолжеток на „Индијана Џонс“ на Дизни (со буџет од 295 милиони долари!). Приказната е шокантна и, за жал, вистинита. Ви предлагаме од 31-ва минута да погледнете две минути, па ако не ве заинтересира, баталете. 

Разговараат Џордан Питерсон, главниот актер во филмот Џим Кавиезел (Исус во „Страдањето на Исус“) и човекот по чиј живот е правена сторијата, Тим Балард, некогашен специјален агент кој тајно се има инфилтрирано во тие грозни кругови за подоцна да стане основач на организацијата Operation Underground Railroad која спасува деца од тие синџири на трговија. 

 

 

7 јули 2023 - 15:47