Спасот доаѓа во форма на iTypewriter (не е апликација), додаток за Ајпад во форма на машина за пишување, која буквално ги чука вашите зборови на Ајпадот.
Производот е дело на Колеџот за уметност во Единбург.
Машината е направена да дава што е можно поавтентично чувство. Самите копчиња даваат отпор како копчиња на машина за пишување, а го имаат и автентичниот звук.
Единствена слаба страна на играчката е што не дозволува брзо да се пишува.