Живееме во свет на „паметни нешта", каде имагинацијата на луѓето не познава никакви граници, а како никогаш досега технологијата е ставена во функција на оптимизација и поголема ефикасност на бизнис процесите, како и на подобрување на личнIoT живот. Свет кадешто милијарда уреди се поврзани, комуницираат меѓу себе и учат и каде единственото ограничување е нашата фантазија. Многу нешта за кои сме можеле само да сонуваме, веќе се дел од секојдневието.
Дека во Македонија има потенцијал да се развиваат апликативни ИТ решенија кои сериозно можат да им помогнат на бизнисите, потврда е решението Fleet Management. Станува збор за интегрирано, лесно прилагодливо и квалитетно компаниско решение за лоцирање, следење, управување и контрола на вознIoT парк. Сите возила се опремени со вградени GPS уреди коишто ги следат позицијата и параметрите на возилото (брзината, километражата, горивото, итн..) и праќаат податоци до Fleet Management серверот кој врши анализа на добиените податоци и овозможува нивен приказ на дигитална мапа или преку различен тип на извештаи. Компаниите со ова решение добиваат: намалена потрошувачка на гориво, намалени трошоци за одржување, намален број на неовластени возења, оптимизација и поголема безбедност.
За тоа сведочи и искуството на Македонска пошта, корисник на ова решение од портфолIoTо за деловните корисници на Македонски Телеком.
„Македонска пошта во 2012 година го имплементираше решението на Македонски Телеком за контрола на вознIoT парк. Во овој период од речиси 4 години, постигнати се директни заштеди од повеќе од 20% и зголемување на ефикасноста на доставување на пратките за повеќе од 30%. Свесни сме дека овој резултат немаше да го постигнеме без успешната имплементација на оваа технологија на Македонски Телеком, прилагодена за нашите потреби"- велат од Македонска пошта.
Целта на сите слични решенија, како и на решенијата поврзани со „Интернет на нештата" е на поединецот да му се поедностави животот, на компаниите да им се намалат трошоците во работењето, да се зголеми продуктивноста, и сето тоа да функционира некаде на облак, односно, cloud.
Доколку вие имате слични ИоТ решенија посетете ја страната https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia?wt_mc=da_z_mk109, аплицирајте за најдобро ИоТ решение и станете добитник на медиумска кампања од 30.000 евра, и можност за интернационална промоција.
(комерцијален текст)