Видеото, кое на секој на кој му е признаена (или планира да му биде признаена) деловна способност му е непогрешива заебанција, е претставено како "таен хак" (а очигледно е дека не е) за додавање дупка за слушалки на седмицата.
До сега клипот има над 7,8 милиони прегледи, а притоа собрало и 161 илјада лајкови и 81 илјада дислајкови.
Коментарите се поделени меѓу луѓето кои ја сфатиле фората (кои затоа што ова е Јутјуб не се мнозинство), оние кои го критикуваат авторот, Течракс, дека оштетува скапа технологија (што најчесто е дополнето со - а деца во Африка умираат од глад), и оние што го испробале тајниот хак.
Иако на Јутјуб никогаш не можеш да бидеш сигурен кој трола во коментарите, сепак дел од пораките се прилично уверливи поплаки на упатството за апгрејд на телефонот.
Ова е клипот со тајниот хак: