Фотографирање повеќе од зборење

Телефонските разговори не се ниту најчестата, ниту најдолгата активност која во текот на еден ден ја прават корисниците на смартфон.

На листата на активности на прво место со 74% е фотографирањето, па дури по не го се телефонските разговори, третото со 69% го делат испраќањето СМС и сурфањето на интернет.

Како будилник телефонот го користат 64% од луѓето, за меил го користат 52% а за 50% тој е заменик за часовник и адресар.

- Фотографирање - 74%
- Разговори - 71%
- СМС - 69%
- Сурфање на интернет - 69%
- Аларм - 64%
- Меил - 52%
- Часовник - 50%
- Адресар - 50%
- Социјални мрежи - 49%
- Дневник - 39%
- Игри - 38%
- ТВ и Филм - 22%
- е-Книги - 13%

Споредено со минатата година, најголем пад во активноста има кај СМС-те, од 90 на 69%. Не станува збор за намалена комуникација меѓу корисниците, туку зголемената популарност на сервисите за кратки пораки на смартфони како Whatsapp, Viber, BBM, и веќе стандардните Скајп и Фејсбук.

По основа на тоа колку време дневно трошат на смартфонот, најголем дел од на сурфање, цели 25 минути, во ова не е вклучено времето минато на социјалните мрежи, на што се трошат дополнителни 18 минути дневно. До петто место се музиката со 16 минути, игрите со 14 и телефонските разговори со по 12 минути дневно.

 

9 јули 2012 - 16:38