Главен фокус на извештајот е какви ветувања му има дадено тогашниот британски премиер Тони Блер, на тогашниот американски претседател Џорџ Буш, пред почетокот на инвазијата, и дали Блер ја излажал јавноста околу заканата од оружје за масовно уништување, кое се покажа дека не постоело.
Зборувајќи за заклучоците, сер Џон Чилкот порачува дека заканата од ирачките оружја за масовно уништување била "претставена со сигурност која не била основана."
По негови зборови "и покрај експлицитните предупредувања, последиците од инвазијата се потценети" а планирањето за иднината на Ирак по Садам Хусеин било "комплетно неадекватно," притоа владата "не успеала да ги постигне зацртаните цели."
Британија загуби вкупно 179 војници во Ирак.
На 15 јуни 2009, британскиот премиер Гордон Браун објави дека се започнува истрага на британската улога во ирачката војна, која ќе го опфати периодот од 2001 до 2009. Беше предвидено истрагата да трае една година. Траеше 7 години, чинеше 11,7 милиони евра и има 2,6 милиони зборови.