Најжестоките протести беа во Триполи (да и Либан има Триполи, не е само Либија) вториот по големина град во земјата и истовремено најсиромашен град во земјата, каде во понеделникот вечерта еден демонстрант загина во судир со безбедносните сили. Според сестрата на загинатиот, 26-годишникот бил застрелан од либанската армија.
Освен во Триполи, банки се каменувани а потоа и запалени со Молотови и во Бејрут, како и Сидон и Набатија на југот во земјата.
Демонстрантите се гневни за колапсот на либанската фунта која во рок од 6 месеци изгуби над 50% од вредноста. Масовните протести првично почнаа во октомври, па март беа паузирани за време на карантинот околу коронавирусот. Откако глобалната економска криза уште толку им ги наталожи проблемите, протестите воскреснаа уште погневни.