Вистината на Људмила

Људмила е еден од главните ликови на серијата „Чернобил“ на ХБО, и е базиран на истоимената жена која ја преживува нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986-та. До сега, Људмила немаше ништо коментирано.

Људмила Игнатенко е сопругата на еден од првите пожарникари што загинува во нуклеарната катастрофа. Игнатенко тврди дека таа никогаш не му дала дозвола на ХБО да ја раскажува нејзината приказна, а како последица на популарноста на серијата, таа се жали дека сето ова време морала да се крие заради малтретирање од медиумите.

Сега за прв пат по прикажувањето на серијата Људмила разговара со Олга Малчевска од Би-би-си Русија.

За славата Људмила изјавува „имаше луѓе што направија опсада на мојот стан... новинари ми ставаа нога во врата за да ме интервјуираат“, и дека серијата ги воскреснала старите драми што и се случувале по хаваријата, кога не знаејќи за опасностите го изложува своето неродено дете на радијација.

 

23 декември 2019 - 13:50