За пензионираниот австралиски генерал, Мик Рајан, „ова не значи дека Украина ќе ја нападне Москва“ и дека можноста за напад на градот „ќе предизвика доста непроспиени ноќи“ во Киев.
Евентуалниот напад на Москва би бил значителна ескалација на украинските напади, кои веќе неколку месеци гаѓаат воени бази и логистика на руска територија, главно во длабочина до некои си 80 километри.
„Напади на рускиот главен град би биле фер-плеј. Руските сили сепак го бомбардираат Киев и други украински градови...
...Нема недостаток на потенцијални стратешки мети во Москва,“ пишува Дејвид Акс во текстот за Форбс.
До сега Украина има една операција кога нејзини саботери влегоа 800 километри во руска територија за да постават експлозиви на хеликоптер паркиран во воена база. Њујорк тајмс тврди дека украински командоси биле на лице место и за нападот на бомбардерите.
Не е познато сега колку има, но пред почетокот на војната Украина располага и со советски извиднички дронови Ту-141 и Ту-143, со домет од речиси илјада километри, за кои не постои техничка причина зошто не би можеле да бидат насочени кон Москва.
Акс смета дека за ваков напад проблем не претставуваат ни руските противвоздушни системи, кои сериозно потфрлија и при нападот на бомбардерите и нападот на нафтеното депо на руска територија во близина на градот Белгород.
„Не, главната причина зошто Украинците не би удриле на Москва е затоа што нападите на населени места ќе загрозат цивили. Всушност, кога се во прашање руските напади на украински градови, убивањето, ранувањето, раселувањето и преплашувањето на цивили е главната цел.
Целта на Русија е да се тероризира украинската популација со цел да се намали нејзината поддршка за војната. Меѓутоа историјата постојано докажува дека нападите на градови обично го зголемуваат отпорот и решителноста на граѓаните, наместо да го намалат.
Оваа идеја опстана во Украина.
’Апсолутно нема докази дека нападите врз граѓанското општество направиле некаква разлика во поддршката од народот. Всушност, руските напади ако постигнаа нешто тоа е да ја зголемат поддршката на јавноста за војната,’ објасни професорот по воени студии, од Кралскиот колеџ во Лондон.
Пред нападите на Москва, украинските лидери прво ќе треба да наседнат на истото погрешно тврдење, дека напаѓањето на градови и убивањето цивили ќе го забрза крајот на војната,“ пишува Акс.