"Сакам да ја излезам постоечката рана и на Тирол да му дадам шанса повторно да се обедини," изјави лидерот на Слободарската партија на Австрија Хајнц Кристијан Штрахе за италијанската Република.
Според неговата замисла, Јужен Тирол, регион кој сега се наоѓа во Италија, треба да добие можност за самоопределување и слободно да реши за својата иднина. Партијата на зелените на Австрија реагираше дека ваквите планови се опасни и дека идејата на Европа е да ги укинува а не да ги прекројува границите.
Јужен Тирол беше анектиран од Италија по Првата светска војна кога и започна долгиот спор меѓу Виена и Рим кој се оконча со договор за автономија на регионот.
Своевремено Тирол често беше спомнуван како можен модел за решавање на статусот на Косово.