Јусаф важи за наследник по мерка на досегашната шкотска премиерка Никола Стурџон, а позицијата ја добива со неочекувано мала разлика на гласови (од само 4%) во однос на неговата главна противкандидатка Кејт Форбс.
По изборот на Јусаф шкотската Партија на зелените објави дека ќе ја поддржи неговата номинација за пример на земјата и ќе гласа за него. Нивната поддршка ќе му биде потребна на Јусаф за да ја истера и својата агенда околу идните буџети и политики на Шкотска, без за тоа да мора да преговара со трите про-британски партии. Зелените викендов предупредија дека доколку Форбс победи на партиските избори, тие нема да ја дадат својата поддршка.
Во интервју за ИТВ њуз, Јусаф порача дека веднаш по доаѓањето на премиерската позиција формално ќе побара да му биде дадено овластување за одржување на референдум за независност.
Јусаф доаѓа од семејство со пакистанско потекло, кое со децении живее во Британија. Освен Јусаф, моментално и највисоката позиција во Британија ја држи човек кој потекнува од Јужна Азија, премиерот Риши Сунак кој доаѓа од хинду родители, градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е со пакистанско потекло, а премиерот на Ирска, Лео Варадакар, е со индиско потекло.