Саудискиот Арамко потврди дека ја разгледува опцијата да излезе на берза и да понуди дел од сопственоста. Ваквиот потег би ја направил компанијата која е веќе најголем глобален производител на нафта највредната компанија во светот.
Заменикот на принцот Мухамед бин Салман за Економист потврдил дека се разгледуваат разни опции во врска со продажбата и дека тој смета дека таквиот потег би бил добар и за Арамко и за државата.
А државата веќе прокнижува околу 100 милијарди долари буџетски дефицит, како резултат на ниските цени на нафтата во последниве 18 месеци.
Се проценува дека Арамко поседува над 15 проценти од вкупните светски резерви на нафта. Таа дневно произведува околу 10 милиони барели нафта, трипати повеќе од најголемата јавна нафтена компанија ЕксонМобил.
Од кралското семејство не откриваат колкав дел од компанијата би бил продаден. Ако се продадат 20 проценти, ќе се добијат пари за еден цел годишен буџет на Саудиска Арабија. Нејзиното целосно излегување на берзата би создало гигант со пазарна вредност од еден билион долари.
Во моментов највредна компанија на светот е Епл која тежи 543 милијарди долари.