Олимпијадата во Токио може да биде трајно откажана

За сега Токио 2020 е префрлена во 2021, меѓутоа може да се случи комплетно да биде прескокната и избришана доколку ова со коронавирусот не се смири до крајот на годината.

Ако состојбата со пандемијата не се подобри, Олимпијадата 2020 нема да биде презакажана по втор пат, порачал претседателот на организацискиот комитет Јоширо Мори.

И покрај ова тој изразува надеж дека игрите ќе се одржат во 2021.

„Ја одложивме Олимпијадата до следното лето кога ќе ја имаме добиено битката.

Оваа Олимпијада ќе биде многу по вредна од која било друга Олимпијада во минатото доколку ја одржиме по извојување на победата. Мораме да веруваме во ова или целиот наш напорен труд и работа нема да бидат наградени,“ порачал Мори.

Игрите кои требаше да бидат одржани од 24-ти јули до 9-ти август годинава, во март беа презакажани за јули 2021.

28 април 2020 - 11:18