- Тоалет од 75.000 долари во претседателскиот авион. Инаку внатрешноста на авионот е украсена со скапоцени камења во вредност од 18 милиони долари.
- Овој авион е само еден од 58-те летала, вклучително и хеликоптери, кои му се на располагање на Путин.
- 11 часовници, вредни околу 700.000 долари (колку што е неговата плата за 6 години).
- Јахта со пет нивоа и уште најмалку 3 помали јахти.
- 20 солидни куќи и станови, меѓу кои вила во Париз, таен имот во Новоградскиот регион и имот на езерото Валдаи.
Според Немцов само одржувањето на резиденциите, јахтите, авионите и автомобилите на Путин, годишно чини 2,5 милијарди долари.
Од Кремљ порачале дека недвижнините и превозните средства не се во сопственост на Путин, туку тој ги користи како претседател на Русија.