Над 100 милиони Кинези повторно пред изолација

Цел регион во североисточна Кина е повторно под клуч по појавата на нов и растечки кластер на инфекции, кој инстантно ги поништи тамошните планови за отворање и враќање кон нормала.

На градови во провинцијата Џилин им е укинат целиот автобуски и железнички превоз, плус училиштата се затворени, во карантин се ставени десетици илјади луѓе, а за другите полека се укинуваат мерките за олабавување.

На сето ова му претходи кластер од 34 инфекции кој иако не расте така брзо како оној во Вухан на почетокот од епидемијата, Кина одлучи да не ризикува и од старт активираше строги мерки на изолација.

Властите во градот Шулан објавија дека ќе спроведат најстроги мерки за спречување на ширењето на вирусот, што меѓу другото опфаќа и комплетно изолирање на цели станбени квартови во кои ќе бидат потврдени нови случаи на ковид-19. Во пракса ова значи дека само 1 човек од секое семејство ќе смее да излезе од дома на два часа на ден за да ги направи само најосновните набавки.

Моментално во регионот ресторани дозволуваат само двајца гости да седат на една маса, а во аптеките е забранета продажба на лекови против температура, за луѓето да не можат да ги кријат симптомите.

Џилин спроведе слично строги мерки на изолирање и при првиот бран на коронавирусот, заради што вкупниот број на жртви се задржа на 127 лица, додека провинцијата Хубеи имаше над 68.000.

Уште не е јасно како започнал вториот бран во Џилин меѓутоа сомнежот е дека доаѓа од повратници од Русија или Европа.

18 мај 2020 - 14:53