Милиони долари по глава избеган затвореник

Во петокот попладнето полицијата уби еден од двајцата затвореници кои пред 3 недели избегаа од затвор во Њујорк (ископаа тунел). Вториот уште е во бегство, ама им стигна сметката за досегашниот труд.

Ричард Мат е убиен од гранична патрола во шума на околу 30 километри од канадската граница.

Потерата по двајцата започнува на 7 јуни и чини над 1 милион долари на ден. Парите служат за логистика и плаќање на околу 1.000 претставници на законот од локално, државно и федерално ниво кои го прочешлуваа теренот во околина на затворот. Во потрагата беа користени кучиња, хеликоптери, и дополнителна опрема.

Процената е дека до сега на потрагата по двајцата бегалци се потрошени 21 милион долари.

Мат за сега го држи рекордот (на партнерот уште му бројат) на денови (21) на слобода меѓу бегалците од њујоршките затвори. Од 2002-та, на сојузната држава од затвор и имаат избегано 29 луѓе. Од нив 18 се фатени по 6 часа, 7 за помалку од 24 часа, тројца биле на слобода цели 2 дена, а еден се задржал подолго од ова.

На ниво на САД, Мат и нема некој забележителен успех бидејќи топ 29-те бегалци имаат просек од 25 денови.

27 јуни 2015 - 14:33