Масовна тепачка меѓу индиската и кинеската армија

На оддалечен планински граничен премин меѓу Индија и Кина 150 војници од двете страни започнале тепачка со боксови и камења. За сега исходот е бројни но помали повреди.

Инцидентот се случил на граничен премин што се наоѓа на речиси 4.600 метри надморска височина. Според портпаролот на индиската источна команда:

„Агресивното однесување на двете страни резултирало со помали повреди на војниците. Се работи за фрлање камења и расправање кое завршило со тепачка со боксови.“

Портпаролот дополнил дека недоразбирањето подоцна било разрешено преку локален „дијалог и интеракција“.

Двете држави делат граница од над 4.000 километри што минува низ некои од најнедостапните предели на планетава и чии точни координати се оспорени од двете страни. Во 1962 двете држави водат и војна околу границата.

12 мај 2020 - 14:35