Кофа измет од кокошки вреди повеќе од 1.000 предупредувања?

Шведскиот град Лунд планира да го прекрие локалниот парк со измет од кокошки за да ги пишмани своите жители да се собираат во него.

Проблемот е што денес (четврток) во паркот треба да се одржи традиционалната прослава „Валпургис ноќ“, па на локалните власти им е страв дека „Лунд би можел да стане епицентарот на ширењето на коронавирусот на последната вечер во април, па затоа мислам дека ова е добра иницијатива.“

„Вака имаме шанса да ги наѓубриме тревниците, а во исто време тие ќе се замирисаат па нема да биде фино да се седи и да се пие пиво во парк.

Не сум експерт за ѓубрење, но како што јас сфаќам, можно е тоа да мириса и малку вон паркот. Сепак ова е измет од кокошки. Не можам да гарантирам дека остатокот од градот ќе биде без мирис. Меѓутоа поентата е луѓето да се држат вон градскиот парк,“ изјавил членот на градскиот комитет за животна средина, Густав Лундблад.

И останатите членови на градскиот совет се зад иницијативата, објаснувајќи „нема да биде пријатно искуството... на седење во парк што мириса за измет од живина. Меѓутоа ќе биде добро за тревниците бидејќи овој измет содржи многу фосфор и азот, па на лето ќе добиеме многу добар тревник.“

Шведска забрани организирани собирања на повеќе од 50 лица, меѓутоа затоа што овој празник се слави масовно низ северна Европа и собирањата се спонтани, тој не е опфатен со забраната.

30 април 2020 - 15:33