Гвир прво ја поздравува одлуката на израелската армија да изгради 936 дополнителни затворски места за посебни затвореници.
„Дополнителната градба ќе дозволи затворската служба да прими повеќе терористи и ќе донесе делумно решение за затворската криза која постои во Шабак.
Смртната казна за терористи е правото решение за проблемот со капацитет, се до тогаш мило ми е што владата го одобри предлогот што го имав,“ пишува Гвир на социјалните мрежи.
Неодамна палестинските медиуми соопштија дека над 5.000 Палестинци се уапсени од израелските сили од почетокот на војната на 7 октомври.
Во февруари израелскиот јавен правобранител објави извештај во кој се тврдеше дека во дел од израелските затвори е прогласена вонредна состојба заради сериозна пренаселеност, пример, помалку од 3 метри квадратни по затвореник, лоши хигиенски услови, недостаток на вентилација и недостаток на основни потреби за затворениците.