Пример во Тумако, пристаниште на Пацификот, вооружени групи имаат воведено полициски час од 17 часот, што е многу порано отколку официјалниот владин полициски час, и е со многу построги мерки.
На други локации низ земјата банди им забрануваат на луѓето да го напуштат својот дом, дури и ако се болни и имаат потреба од доктор. Во некои од случаите, бандите ги помилувале прекршителите, ама на пример, нивните мотори биле запалени.
„Тие го прекинуваат транспортот меѓу селата, а ако дознаат дека некој веројатно е болен од ковид-19 тој може да бира меѓу напуштање на регионот или да биде убиен.
А луѓето немаат друг избор освен да ги слушаат бидејќи власта тука никогаш ја нема,“ се жалат локалците од јужна Колумбија.
Земјата до сега има потврдени речиси 160.000 случаи на ковид-19 и 5652 мртви. Бројот на новозаболени во просек се качува за 5.000 на ден (на популација од 49,6 милиони луѓе).