Тој го дава примерот со Хитлер кој низ годините е мета на неколку обиди за атентат, и по негови проценки тоа е единственото сценарио и за елиминација на Путин, кој е поверојатно да биде ликвидиран од луѓето од внатре, а не од надворешна интервенција.
За Гомар веројатно е точна британската информација дека Зеленски има избегнато неколку атентати, што според него се познава и по тоа што тој секогаш своите изјави ги снима пред иста позадина, за да не може да се утврди каде точно се наоѓа во моментот.
Гомар четири години е прв човек на француското воено разузнавање од 2013 до 2017. Пред тоа неколку години е командант на специјалните сили на француската пешадија, морнарица и авијација.
Минатата недела еден од највисоките американски сенатори, Линдзи Грем, повика на ликвидација на Путин, од некој од најблиските околу рускиот претседател.