Групата е Хакарт Нур ал-Дин ал-Зенки, а детето на снимката изгледа дека уште не е влезено во пубертет. Конкретната група моментално не добива оружје и пари од САД.
Од настанот има два клипа. Едниот покажува 5 милитанти како го опкружуваат детето во пикап, а во вториот, еден од нив стои над него во пикапот му ја отсекува главата на детето со тап нож, и потоа ја крева над својата глава.
Иако во Сирија има нешто има нешто што се вика умерени бунтовници кои се финансирани од САД и коалицијата, главната критика таму е што нивниот состав толку флуктуира од ден на ден што е речиси невозможно точно да се гарантира која група ја заслужува помошта и се бори во корист на американските интереси.
"Дури и ако веќе не добиваат помош од САД, ова ги покажува моралните јами на она што се обидуваме да го направиме во Сирија," објаснува експертот за тероризам Давид Гартстајн-Рос.
Конкретната група, движењето Зенки, беше на белата листа на САД до декември 2014. Во тогашниот извештај околу помошта на сириските бунтовници се предлагаше да се престане со финансирање на групата и со испорака на оружје, бидејќи било проценето дека тоа нема да наштети на нејзиното функционирање. Пред прекинот на помошта, околу 1.000 борци на Зенки биле на платниот список на ЦИА.
Во истиот извештај се наведува изјава на еден од командантите на Зенки, според кој прекинот на помошта се должи на напредокот што ал Нусра фронтот (партнери на ал Каеда) го има во Сирија. Наводно ал Нусра успеале да заробат големо количество оружје од групите поддржани од САД. Наспроти нив се тврдењата на експертите за тероризам, кои објаснуваат дека Зенки баш и не се непријатели на ал Каеда, и дека имаат одлични односи со ал Нусра.
Томас Џослин, од Фондацијата за одбрана на демократиите, Зенки движењето го опишува како соработник на ал Нусра фронтот, чие досие е исчистено "од поборниците за финансирање на умерената опозиција," порачувајќи "идеолошки, тие дефинитивно се барем закоравени исламисти".
И покрај ова, Зенки користат американско наоружување и во 2015, конкретно TOW антитенковски проектили, едно од најефикасните антитенковски оружја на теренот во Сирија. Дури во септември 2015 еден од командантите на групата во интервју за Војс оф Америка изјави дека има снемало оружје. Форин полиси претходно објави дека групата добила и значително финансирање на Саудијците, кои исто така се членови на американската коалиција во Сирија.
Уште пред појавување на снимката Амнести интернационал ја обвини групата за тортура и присилни признанија на заробеници во Алепо. Тие беа обвинети и за киднапирање на сириски православни епископи на хуманитарна мисија кои подоцна им ги предаваат на ал Нусра фронтот.