Стратегијата се води како операција Мостот Лондон и опфаќа се од изложување на телото на кралицата и неопходната безбедносна стратегија до справување со социјалните мрежи.
За почеток, кога ќе почине кралицата информацијата што ќе му биде пренесена на премиерот е „London Bridge is down“.
Познато е дека официјалната страна на кралското семејство ќе биде со црна позадина и ќе има кратка изјава која ќе ја потврди смртта на кралицата. Сите владини сајтови (.gov.uk) и сите нивни страници на социјалните мрежи ќе имаат црно знаменце. На нив нема да се објавуваат содржини кои не се итни, а сите ретвити ќе бидат забранети освен ако не се одобрени од првиот човек за комуникации на британската влада.
На терен ковчегот ќе патува од Бакингемската палата до Вестминстер, каде ќе биде изложен и достапен за јавноста 3 дена по 23 часа.
Државниот погреб ќе се одржи 10 дена по нејзината смрт и ќе биде прогласен за „ден на национално жалење“ но нема да биде неработен ден.
Паралелно со ова ќе се одвива и операцијата Пролетна плима, која го опфаќа наследувањето на принцот Чарлс на престолот.
Целиот настан е детално обработен па вклучува и детали од типот потенцијален гнев на јавноста ако Даунинг стрит не успее да го симне знамето на половина јарбол во рок од 10 минути откако ќе се разбере за смртта, ако случајно се погоди во тој момент да нема „офицер за знаме“.