Бегството од Мосул

Ирачките цивили во западен Мосул веќе не ни чекаат пауза во баражот, затоа што не ни има, туку едноставно тргаат кога лично ќе одлучат дека можат, пишува за Њујорк тајмс фотографот Ивор Прикет, кој три недели беше сместен на фронтот во Мосул.

Тој раскажува дека очајни семејства решаваат во најрана зора да тргнат во бегство, кои носејќи ги децата и старите во раце трчаат од улица до улица колку можат побрзо за да се оддалечат од експлозиите. Единствено прашуваат во кој правец е безбедно за нив.

Во западниот дел од Мосул се проценува дека се останати околу половина милион луѓе, и уште околу 2.000 припадници на ИСИС. Тоа што се цивили не им помага многу на Ирачаните во Мосул, па така Американците во неколку воздушни напади срамнија со земја цели станбени блокови во западен Мосул, тука вклучувајќи и еден напад во кој имаше околу 200 мртви. Во исто време ИСИС ги користи цивилите како жив штит, и ни најмалку не се селективни при минофрлачки или снајперски оган.

Она што тој го фотографира во Мосул, изгледа вака:

 

30 март 2017 - 14:02