Таг: мосул

Битката за Мосул во 82 секунди

Тоа што видеото е направено така чисто и педантно, без капка крв, болка и човечко страдање, совршено ја покажува перспективата на војната на оние што командуваат во нејзе, а не на оние што ја водат на терен. Ова парче од историјата на Мосул започнува во 2014 кога ИСИС го освојува градот.

Бегството од Мосул

Ирачките цивили во западен Мосул веќе не ни чекаат пауза во баражот, затоа што не ни има, туку едноставно тргаат кога лично ќе одлучат дека можат, пишува за Њујорк тајмс фотографот Ивор Прикет, кој три недели беше сместен на фронтот во Мосул.

Монструмот што го предаде Мосул

ИСИС успеаа со 800 луѓе да ја разбијат 30-илјадната ирачка војска кој требаше да го одбрани Мосул. Главен виновник за ова е садистичкиот генерал на ирачката армија Ал-Гарави, човекот кој ја изгуби поддршката од жителите на Мосул и од Сунитите во своите единици.