Со оваа сума вкупната помош од САД за Авганистан ќе достигне 782 милиони долари откако почнаа да им плаќаат пари во октомври минатата година. САД исто така ќе обезбедат и еден милион вакцини против ковид за Авганистан, со што вкупната бројка на донирани вакцини достигна 4,3 милиони дози.
Помошта за Авганистанците ќе оди преку УСАИД, кои 308 милиони долари ќе ги „канализираат“ преку независни хуманитарни организации, кои за овие пари ќе обезбедат засолништа, здравствена заштита, помош за зима, итна помош во храна, вода, санитација и хигиенски услуги.
Процената на О.Н. е дека 23 милиони луѓе во Авганистан, околу 55% од населението, се соочува со екстремни нивоа на глад, а речиси 9 милиони се пред ризик од излгаднување во текот на зимата.
Минатиот месец, САД за прв пат направија исклучок за функционери на САД и О.Н. од американските санкции за соработка со Талибанците, како би се овозможило одржување на каналите за испорака на хуманитарна помош во Авганистан во време на сериозна хуманитарна криза.
Пред овие 782 милиони долари, во 20-те години американска окупација на Авганистан, САД во земјата само на обука на војската потрошија 80 милијарди долари. И тоа речиси и да немаше некој долготраен ефект.