Во сушните планини на Мароко се најдени досега најстари остатоци од нашиот вид чија старост се рпоценува на околу 300.000 години. Откритието е фрапатно со оглед на тоа што надлежната наука досега веруваше дека човекот е стар 200.000 години и потекнува од Етиопија.
Во планинска пештера, заедно со други артефакти, пронајдени се фосилни остатоци од три возрасни лица и едно дете а нивната старост е утврдена со помош на техниката наречена термо-луминисценција која го мери нивото на акумулирана радијација во артефактите.
На ова поле, науката е далеку од консензус. Пред скоро време, се појавија две сериозни научни студии кои тврдеак дека човекот всушност не потекнува од Африка туку од балканските простори и Медитеранот.
Ние овде така и се осеќаме. Не горди, туку стари.