Кој ќе го врати Кјуриосити на Земјата?

Иако Кјуриосити само два месеца е на Марс, од НАСА веќе почнаа да размислуваат како да си го вратат дома возилото од 2,5 милијарди долари. Време за испорака - во текот на овој век. Најверојатно.

Враќањето на Кјуриосити на Земјата не е воопшто лесно, посебно ако се има во предвид дека тука цела НАСА работеше на неговото пакување за испраќањето на Марс. Најверојатно и за назад некој ќе треба да отиде на црвената планета и да го спакува.

"Се надевам дека првите луѓе ќе бидат испратени на Марс во 2030-та или 2040-та, и тие ќе можат да отидат до роверот и да ни го вратат назад," изјавил директорот на НАСА на програмата за истражување на Марс, Даг МекКистон.

Во досегашните планови за патување на Марс се повторуваат неколку проблеми:

- со постојната технологија, патот до Марс би траел со месеци

- заради близината, сончевите зраци би имале неочекувани негативни ефекти на астронаутите

- процените се дека мисијата би чинела околу 450 милијарди долари

- ако нешто се расипе, тоа е тоа.

25 октомври 2012 - 13:45