Светски познатиот духовен лидер своите мислења за марихуаната ги искажа додека Мексико се наоѓа сред сериозна дебата дали да го легализира нејзиното користење, и во каква форма и облик.
Мексико е во интересна ситуација бидејќи вообичаените медицински и здравствени аргументи, поборниците на легализацијата ја наведуваат и можноста на овој начин сериозно да се скратат приходите на озлогласените нарко картели во земјата.
Далај Лама изрично рече дека е "за" само ако марихуаната се користи заради своите фармацевтски особини.
"Ако некој зема марихуана само за да си го збудали паметот, тогаш сум против," рече тибетанскиот лидер.
Петдневниот престој на Далај Лама во Мексико беше речиси бојкотиран од државниот врв бидејќи сегашната Влада инсистира на добри односи со Кина, земја која него го смета за опасен сепаратист.