Американскиот департмент за правда ја затвора федералната агенција која беше формирана пред четири години за да ја помага втемеленоста на форензичките науки. Преку неа се работело на дефинирање на најдобрите практики и се финансирале истражувања кои требало да водат до уточнување на резултатите од крим-лабораториите.
Само што, во меѓувреме се намножија факти за неточни и лажни форензички наоди.
Кога ДНК анализата беше воведена пред три децении, тоа на органите на прогонот им даде моќна алатка за биолошко поврзување на осомничените со сторените дела.
Но, една нова студија покажа дека дури 26 од 28 ФБИ експерти за форензика на коса дале погрешни заклучоци во преку 200 судски случаи во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Тие генерално ја прецениле точноста на своите анализи со што практично им помагале на обвинителите.
Ова е последен но не и единствен случај што ја разнишува довербата во форензиката. Во 2009-та година американската академија за наука публикуваше екстензивен извештај за форензичните науки, забележувајќи дека ова поле е оскудно покриено со потврдена метологија и независни рецензии. Во тој извештај се наведуваше дека само тн нуклеарна ДНК анализа има поткрепа во истражувањата.
Сè останато треба да се зема со резерва. Вклучително површната споредба на влакна од коса или отпечатоците од прстите кои имаат сè уште непознато ниво на грешки. Истото уште повеќе важи за „доказите“ како што се траги од заби на нечие тело кои наголемо се користат во судските парници.