Во извештајот од Епл се објаснува дека секој пат кога Кук користи приватен авион за лични потреби, трошокот се смета за екстра компензација, за што тој ќе мора да плати данок. По оваа основа Епл пресметал дека Кук за 2017 има направено 93.109 долари во авионски трошоци за лични потреби.
Освен патувањата Епл годинава доплатија и речиси 225 илјади долари за трошоците за зголемено приватно обезбедување за Кук.
Летањето со приватен авион е достапно и за останатите директори на Епл, со услов дека ако со себе земат некој член на семејството ќе треба сами да си го подмират трошокот.
Претходникот на Кук, Стив Џобс, имаше сопствен приватен авион што Епл му го подари во 2000-та, како благодарност за тоа што неколку години претходно се вратил во компанијата. По смртта на Џобс, авионот го купи Џони Ајв, директорот за дизајн на Епл.