Бордејн за презирот на привилегираните

Пораката на Бордејн е до "привилегираните либерали од Истокот како и јас самиот" чија арогантност кон сите што не се на исто мислење со нив, е причина за распадот на цивилизацијата што го гледаме.

"Длабокиот презир со кој привилегираните либерали од Истокот како и јас самиот дискутираат за црвените држави, за работничката класа на Америка како смешни и морони и простаци, во голем дел е одговорен за подемот на гневот и презирот и желбата да се сруши храмот, на која сега сведочиме," изјавува Бордејн во интервју за магазинот Ризон.

Во интервјуто не дека го штеди Трамп, на кого му посветува добар дел и објаснува дека растот на авторитарност треба да биде грижа за секого, тој сериозно свој дел им посветува и на своите "соборци" од левицата.

"Го мразам терминот политичка коректност, и начинот на кој говорот што се смета за непријатен или навредлив често пати е забранет на универзитетите. Токму тие се местото каде говорот кој е потенцијално навредлив и штетен треба да се чуе.

Начинот на кој ги демонизираме комичарите за користењето на јазик и терминологија е неопислив. Затоа што комичарите треба да го прават токму тоа, да навредуваат и вознемируваат луѓе, и да бидат навредливи. Комедијата постои, исто како и уметноста, за да направи на луѓето да им биде непријатно, да ги предизвика нивните ставови, и да ако може да доведе до жестока но сепак цивилизирана расправа. Ако си комичар на кој одлично му одат разговори, ситуации и шеги кои се навредливи за мене, нема да купувам карти или да ги гледам твоите шоуа на телевизија. Нема да те поддржувам. Ако луѓето ме прашаат што мислам за тебе, ќе кажам дека не те бива, и дека мислам дека си расист и навредлив. Ама нема да се обидам да те оставам без работа. Нема да почнам да те бојкотирам, или да започнам хаштаг, во обид да те избркам од бизнисот.

Имам минато многу време во делот од Америка што е длабоко посветен на оружје и на Господ. Таму има претерано добри луѓе, кои го прават истото што сите во светот се обидуваат да направат: најдобро што можат да преживеат, и да се грижат за себе си и за луѓето што ги сакаат. Кога ние ќе ја отфрлиме и најосновната човечност и легитимитет на нивните ставови, без разлика колку се поразлични од нашите, кога ги исмеваме на секој чекор, и кога ги третираме со презир, на никого не му вршиме работа.

Себе-пофалбениот тон на привилегираната левица - само повторување и повторување и повторување на грешките на противникот - не ги освојувања луѓето. Не менува ничие мислење. Туку само ги зацврстува истите, и ги влошува работите за сите нас. Треба да си подадеме рака еден на друг, и да најдеме заедничко тло секогаш кога тоа е можно. Се плашам дека тоа воопшто го немаме сторено," објаснува Бордејн во интервјуто.

 

3 јануари 2017 - 15:18