Песната е заедничко дело на Луис Фонси и Деди Јенки (вториов е познат по една подеднакво неподнослива нумера од пред некоја година), моментално има речиси 2,5 милијарди прегледувања на Јутјуб. Верзијата со Џастин Бибер има уште 500 милиони дополнителни прегледувања. На Спотифај двете верзии се преслушани по околу 500 милиони пати.
Додека се што не е летен ди-џеј на шанк на плажа ја пцуе песната кај и да ја чуе (а буквално ја има насекаде како непобарана презентација на сеприсутност), од Порторико на нумерата гледаат како на спасител.
Локалниот весник Ел Нуево Диа минатата недела објави дека туризмот на Порторико бележи раст од 45% од појавувањето на Деспасито. Самите туристички агенции дополнително се јавнати на песната, па во својата понуда ги вклучуваат локациите и баровите во кои е сниман спотот.
А од Деспасито не се бега. 2 челос пред два дена извадија своја верзија на песната и веќе имаат над 2 милиона прегледи на Јутјуб: