Австралиската ЛГБТ заедница го поздрави потегот на законодавците од втората по големина федерална единица во земјата, од законот да го отстрани контроверзниот член за „несакани хомосексуални активности“.
Тој член на обвинетите им давал шанса да бараат преквалификување на убиството во понизок степен тврдејќи дека до насилство дошло откако биле предмет на несакани хомосексуални намери.
Обидите за вадење на овој член траат цели 8 години а иницијативата ја водеше еден свештеник откако негов колега беше убиен а убиецот доби помала казна само затоа што го убеди судот дека жртвата претходно го фатила за меѓуножјето.
Вакви ваденки сега се можни само уште во Јужна Австралија.