Македонија

Македонија ќе биде најголемата европска жртва од запирање на рускиот гас

Иако можното стопирање на рускиот гас за Украина во западните медиуми се оценува како "голем проблем на ЕУ", континентот многу нерамномерно ќе ги почувствува последиците од тоа. Од анализата ќе видите зошто Македонија е една од трите држави во Европа кои најмногу ќе настрадаат.

Денешната Ленка шие за Швајцарци

Поразителна странска студија за тоа како угледните швајцарски, австриски и германски производители на облека профитираат на грбот на македонски шивачки. Зад престижната етикета "Made in Europe" се крие сиромаштијата и стравот на нашите работнички.

Валкане мој 2

Регионот на Југоисточна Европа се наоѓа на енергетски крстопат- во следните десет години се планира да се потрошат 30 милијарди евра за енергетски проекти во нашиот регион. Македонија, како?

Израелска Цесна се сруши на Стенковец

Авион Цесна 172 управуван од двајца Израелци, попладнево по 16 часот се сруши на аеродромот Стенковец. Во несреќата нема жртви, а двајцата минале само со полесни повреди. Израелците со Цесната биле на тура низ Балканот (со паузи од аеродром до аеродром), која започнала од Израел.

Историјата на тајните војни на Америка

Кога американските и британските војници на НАТО во Македонија почнаа да ги евакуираат албанските бунтовници во јуни 2001-ва, службените лица тврдеа дека тие едноставно се обидуваат да и помогнат на Европа да избегне разурнувачка граѓанска војна. Најголемиот дел од медиумите послушно го повторуваа овој спин како факт.

Дебатата за абортусот

Нашите Јана и Тихо веќе осветлија неколку различни аспекти на деликатното прашање за абортусот. Но, во информативна смисла, новиот закон предизвика толку медиумски шашми што стана нејасно кои се фактите околу целиот случај. Каналот 24 Вести организираше дебата на оваа тема, со релевантни гости. Ако сте за (56 мин.), ја имате.

Туристи, добро дојдосте

Она што скопјани го зборат за охриѓани веројатно нема стигнато до Светскиот економски форум, кој во својот најнов извештај ја прогласи Македонија за четврта земја во светот според гостопримливоста за туристи.

Колку ги познавате своите деца?

Не сакаме да дигаме паника кога не треба ама некогаш па, мора.

Кои 16?

Во име на некаква парична заштеда или заштита на човековата околина, кај нас често се доведува во сомневање опрвданоста на уредбата за задолжително вклучени денски светла на автомобилите. Го знаете ли жртвениот биланс на нивното гасење?

Уште само она ни фали!

Поговорките од типот: "кој последен се смее најслатко се смее", споменарските мудрости кои одлично ни виреат, од типот: "среќата е убава само ако се чека"...

Просечна МКД плата 1.345 долари?

Македонија се наоѓа на 34-то место на светот (од 72) според просечната плата. Во фудбал уште сме на 102-ро место.