РОШ Македонија добитник на наградата за најинвентивна практика за 2016

Компанијата Рош Македонија со две национални награди за најдобри општествено одговорни практики

Проектот Сподели светлина на РОШ Македонија насочен кон унапредување на степенот на информираност и свесност на јавноста за потребите на сите лица со оштетен вид и нивните семејства во Р. Македонија е добитник на две награди, меѓу кои и наградата за најинвентивна практика од проектите за општествена одговорност за 2016 година. За оваа награда конкурираа речиси 40 доставени проекти во постојните пет категории: односи кон вработените, етичко управување, односи на пазарот, однос кон животната средина и вложување во заедницата.

Повеќе од еден век компанијата Hoffmann – La Roche Ltd., Базел, Швајцарија, пренасочува дел од своите финансиски и човечки ресурси во проекти за општествена одговорност, во стимулирање на науката и промовирање културни активности на глобално ниво.  

Рош Македонија како дел од заедницата во Р. Македонија се стреми за подобрување на квалитетот и условите за живот на сите граѓани, а особено на ранливите и маргинализираните групи граѓани во партнерство со институциите на системот и сите релевантни партнери што делат иста визија и вредности.

Директорот на одделот за Market Access на РОШ Македонија,  Ернест Дебрешлиоски, изјави: „Како општествено одговорна компанија секогаш одиме многу понапред, откривајќи нови можности. Така и овој пат започнавме проект, кој не се сведе на еднократна донација. Проектот Сподели светлина на долг рок помага во решавањето на суштинските потреби на лицата со оштетен вид и придонесува за градење на нивните вештини за полесно вклучување во заедницата.“

РОШ Македонија го започна проектот Сподели светлина во јануари 2015 година заедно со своите партнери - Црвениот крст на град Скопје, Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Националниот сојуз на слепи лица на Р. Македонија.  

Проектот Сподели светлина беше  поделен во неколку фази, секоја фаза насочена кон различна возрасна група, сè со цел да се допре до сите лица со оштетен вид во нашата земја. Преку реализирање на овој проект, се подигнува степенот на социјализација на лицата со оштетен вид, се организираа работилници и истражувања за детектирање на постојните потреби на овие лица. Исто така, овој проект го поттикна волунтаризмот на вработените во компанијата, кои активно се вклучени во изнаоѓање решенија за проблемите на оваа ранлива група граѓани и привлекување нови партнери.

„Горди сме што сме препознаени за иновативен пристап во решавање на проблемот со инклузија на лицата со оштетен вид. Но уште повеќе нè радува фактот што се идентификувани нови партнери, кои се спремни да се вклучат со своите финансиски и човечки ресурси во проектот Сподели светлина. Заедно можеме да направиме вистинска разлика“, додава директорот на одделот за Market Access на РОШ Македонија,  Ернест Дебрешлиоски.

(комерцијален текст)

11 ноември 2016 - 12:36