Дизајнот, квалитетот, перформансите и безбедноста се клучните фактори при купувањето на автомобил, а тоа се и главните области кои се во фокусот на подобрувањата на новиот модел. При конструирањето на новиот Yaris инженерите ги ислушаа реакциите и искуствата на купувачите за тоа каде треба да се направат подобрувања, се со цел да се обезбеди поголемо уживање во возењето.
Сега Yaris се одликува со посмел надворешен изглед, со измени во предниот и задниот дел на возилото кои сега му даваат подинамичен изглед.
Промените се видливи и во внатрешноста на возилото, кој сега изгледа помодерно со новиот избор на бои на седиштата, подобрувањата на инструментите и контролите. Тој и понатаму останува еден од најкомотните, најкомпактните и најпрактичните возила во својата класа.
Во понудата на новиот модел ќе бидат 3 мотори :
- Бензинци
- 1.0л/69 Кс, MT
- Новиот 1.5л/111Кс, MT. Го заменува постоечкиот 1.33 VVT-i.
Новиот мотор испорачува 10% повеќе моќност (111Кс/83Кв) од претходниот 1.33-литарски мотор, и има подобрување во потрошувачката на гориво за 12% (4,8л/100Км). Забрзувањето е скратено за 0,8 секунди (11 сек,0-100Км/ч).
- Хибрид 1.5л/100Кс, e-CVT
Хибридниот мотор останува да биде главниот адут при продажбата, мотор кој во моментов опфаќа повеќе од 40 % од продажбите на сите Yaris возила во Европа, и нуди најниска емисија на штетни гасови во сегментот . Yaris и понатаму останува едниствен во сегментот кој на купувачите ќе им понуди хибриден мотор, со можност да доживеат релаксирано и интуитивно возење пропратено со мала потрошувачка на гориво и најниска емисија на штетни гасови во класата.
Новиот Yaris на македонскиот пазар ќе биде достапен со три нивоа на опременост. Во понуда ќе бидат сите 3 достапни мотори. Како и сите други возила на Toyota, новиот Yaris ќе има вистинска фабричка гаранција од 6 години/200.000 Км и во периодот што следи возилото ќе се понуди со промотивна цена од 9.990 Евра (619.380,00 денари), понуда која се однесува на моторот 1.0 и Terra ниво на опременост во која стандардно ќе добиете: 7 воздушни перничиња, систем за контрола на стабилноста на возилото (VSC), клима уред, аудио систем, Bluetooth и уште многу повеќе (детално на www.toyota.com.mk). Закажете тест возење на телефонскиот број 02/30 88 880 и дознајте зошто Toyota Yaris е еден од најпосакуваните автомобили на нашиот пазар.
(комерцијален текст)