Приказната за необичното запознавање, другарството, дружбата, љубовта, заедништвото и забавата е раскажана на модерен начин, со врвна продукција и во технички совршени ТВ спотови. Преку одличниот спој на играното и документарното, на рекламата и краткиот филм, нашиот единствен Милчо Манчевски, повторно успеа да ја долови македонската душа на ликовите од нашето секојдневие.
"Последниве десетина години ме интересира што се случува кога ќе се сретнат играното и документарното, ме интересира формалниот аспект на овој филмски и психолошки конфликт и надополнување. Ме интересира местото кај што се гушкаат и тепаат вистината и лагата. „Дружба" е краток документарно-игран проект во кој истражувам како луѓето денеска се дружат и како може да се сакаат блиските среде еден урбан вриеж.'', рече Манчевски.
Новите спотови се во согласност со новиот идентитет и филозофија на најмоќниот македонски бренд Скопско. Агенцијата Меккен Скопје е креатор на новата комуникациска платформа и маркетинг кампања за Скопско.
"Ова не е само уште една реклама за пиво, ова е приказната на Скопско тука и во овој момент, полна оптимизам, раскажана на модерен и урбан јазик. Искусен и поучен од минатото, со поглед кон иднината, Скопско е симбол на сѐ добро пред нас. Оттука произлегува и филозофијата на брендот, која ја преточуваме во една единствена, но исклучително моќна реченица ''За сѐ добро пред нас'', или кратко во новиот слоган ''За нас'' - изјави Комерцијалниот директор на Пивара Скопје АД, Витце Мутерс.
"Со генерации наназад, повеќе од 90 години, Скопско претставува модерен, оптимистичен и прогресивен бренд. Скопско е симбол на времето низ годините, бренд кој има своја историја и традиција. Да се работи за Скопско е привилегија и огромна одговорност. Нашиот тим направи одлична работа, затоа што успеа да создаде, врз темелите на историјата на Скопско, позитивна визија за иднината, радост за секое индивидуално и заедничко добро што ни го носи утрешниот ден.'', надополни Генералниот директор на Пивара Скопје АД, Алекандар Ружевиќ.
Спотовите се снимени на повеќе локации во Скопје и се во продукција на Кино Око.
(комерцијален текст)