Инстаграм ги брише профилите на стотици порно ѕвезди

Изминативе месеци, не по лична волја на сопственичките, ги снема Инстаграм профилите на стотици порно ѕвезди и сексуални работнички кои ги почитувале правилата на социјалната мрежа идентично како и регуларните ѕвезди.

Нивната поплака е дека доколку го прават истото што го прават меинстрим ѕвездите на Инстаграм, нивниот профил ќе биде избришан, а „примерот“ од кој гледале нема.

„Би требало да можам мојот Инстаграм профил да го терам по примерот на Шерон Стоун или кој било верификуван профил, меѓутоа реалноста е дека ако направам такво нешто мене ќе ме избришат.

Тие нè дискриминираат затоа што не им се допаѓа како заработуваме за живот,“ порачува претседателката на АПАГ (Adult Performers Actors Guild), Алана Еванс.

Организацијата веќе има список од над 1.300 перформери кои тврдат дека нивните профили се избришани заради прекршување на правилата на заедницата и покрај тоа што не покажале каква било голотија или секс. Тие имаа и состанок со претставниците на Инстаграм во јуни годинава, меѓутоа во текот на летото преговорите престанаа и се продолжи со бришење на нивните профили.

Посебен инцидент беше бришењето на профилот на порно ѕвездата Џесика Џејмс по нејзината смрт во септември. По вонредната галама профилот на Џејмс, со околу 900.000 следбеници, беше повторно вратен.

Инстаграм е една од главните алатки што порно ѕвездите ја користат за сопствена промоција и промоција на своите материјали. Ова посебно важи за сегментот на „независни“ порно ѕвезди кои функционираат без продукциска куќа зад себе, што им овозможува поголема контрола врз содржината што ја креираат, работа под сопствени услови, финансиска слобода и поголеми приходи отколку работа со посредници.

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

 

25 ноември 2019 - 17:58