Парцелите што ги продава Југа лабс се во нивната метаверс игрица „Адерсајд“ и отприлика секоја парцела чини по околу 5.800 долари во ејпкоин (криптовалутата зад која стои компанијата).
На овие 5.800 долари секој купувач во просек платил и дополнителни 6.000 долари „трошоци за гориво“ заради преголемата гужва што нарачките ја направиле во етереум мрежата (на која работи ејпкоин), па на крај еден плац во просек чинел по околу 4,2 етереума.
Само два дена подоцна, истите овие плацови се препродаваа на Опенси за околу 3,6 етереуми.
На премиерата беа продадени вкупно 55.000 плацови во Адерсајд метаверсот.
Во март Југа лабс собраа 450 милиони долари инвестиции за создавање на Адерсајд метаверсот.