За време на објавувањето на финансиките резултати ЦЕО-то на Тајм Ворнер (комплетната групација) Џеф Бјукс, бил запрашан дали тој го одобрува пиратирањето на серијата што ја создава неговата компанија. Бјукс прво зборел за рејтингот на Троновите, а потоа и за тоа како тие го засилиле брендот ХБО.
По ова Бјукс одговорил за пиратеријата:
"Пиратеријата е стравотен начин за ширење на муабетот околу шоуто. Ако се рашеташ низ светот ќе видиш дека си во право дека Игра на троновите е најпиратираното шоу во светот. А тоа е подобро отколку Еми."
Претходно слични чувства изјавија и режисерот на шоуто, според кој пиратеријата придонесува за застапеноста на шоуто во секојдневниот муабет, и авторот Џорџ Р. Р. Мартин кој пиратеријата ја нарече комплимент.
За Бјукс пиратеријата би била далеку поголем проблем доколку луѓето кои можат да се претплатат на ХБО едноставно би почнале бесплатно да ја симнуваат серијата - ама "тоа не се случува често." Тој целата работа ја споредил со "крадење кабелска" кога комшиите меѓу себе ја делат својата претплата и жиците од кабелската.